Од координативното тело за превенција од природни непогоди информираат дека хидролошката состојба во Република Македонија постојано се следи и дека се предвидени потребните мерки за превенција поради најавите за поинтензивни врнежи од дожд.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, вечерва се очекуваат врнежи од дожд од 20л/м2 до 40л/м2. Исто така, согласно прогнозата во среда се очекуваат нови врнежи од дожд со интензитет од над 30л/м2. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови на Република Македонија.
Дадени им се насоки на водостопанските организации, кои стопанисуваат со браните за регулирано испуштање на вода од истите.
OhridNews