Спортските манифестации на отворен и затворен простор и покрај рестриктивните мерки од Комисијата за заразни болести продолжија со несмален интензитет, додека вежбалните, фитнес центрите и спортските сали веќе еден месец се под клуч и со голема неизвесност кога ќе продолжат со работа. вежбалните, фитнес центрите и спортските сали затворени се од 7 април, кога на сила стапија новите мерки и протоколи.

Фитнес центарот Фит Форм комплетно ги почитуваше мерките и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести. Ограничен број на посетители, дезинфицирање на справите и просторот, дистанца помеѓу справите и носење на маска од страна на вработените. Често пати бевме посетувани од инспекции, но никогаш не ги прекршивме правилата, а ни се возвраќа вака, каде што нашата иднина е доведена под знак прашалник. Без чувство е да се отворат ресторани и кафулиња, а да се затворат вежбалните, фитнес центрите и спортските сали, каде што се стекнуваат здрави навики и се подобрува здравјето. На прагот се натпревари од европски и балкански карактер, а вежбалните, фитнес центрите и спортските сали се затворени и во вода паѓа нечиј долгогодишен труд, поради неинформираност од надлежните, – изјави Гоце Мојсоски од Фитнес центарот Фит Форм-Охрид.

Боди билдинг федерацијата на Македонија неколку пати преку јавноста апелираше до Комисијата за заразни болести, а заедно со Федерацијата за боречки вештини отидоа чекор подалеку, формирајќи комисија која изготви план и решение за целата ситуација, кои не беа прифатени.

Последната одлука на Владата, донесена по препорака на Комисијата за Заразни болести, гласи вака: ’Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а деjноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.’ Освен фитнес центрите и останатите индивидуални спортови, никој друг не ја почитува оваа одлука и мерка на забрана. Полицијата знае по пријава да тропа на врата на некој фитнес центар и трпелливо да чека додека некој не отвори и согласно законoт да им поднесат пријава и да ги изложат затечените на драконски казни, но гледајки првенствен натпревар на ТВ незнаат да постапат на ист начин и да се паркираат со неколку комбиња пред некоја спортска сала каде се одигрува тој натпревар и да го применат законот и таму. Зошто селективен пристап во почитување на мерките и кому тоа му одговара? Комисијата и надлежните и покрај сите наши заложби веќе еден месец не излегоа со официјално соопштение и одлука дека некој е привилегиран и може да продолжи со тренинзи и натпревари во спортските сали, а останатите не. Со цел да не се прекине натпреварувачкиот спорт во овие спортски дисциплини, на иницијатива на ББФФМ и КМФМ, преставниците на спортот преку МОК и советничката за спорт на Премирот, Агенцијата за млади и спорт се создаде работна група која изготви план и решение на оваа ситуација, кој беше доставен до Комисијата за заразни болести и не ни е јасно зашто и од која причина тој предлог план за решавање на оваа ситуација во полза на целиот спорт тој план не беше прифатен и усвоен. Која е причината за селективниот пристап во носење на преќутни одлуки на комисијата за заразни болсти предводена од Д-р. Караџоски да некои спортови и федерации се привилегирани, смеат и можат да тренираат и да се натпреваруваат во истите сали каде истото тоа за нас индивидуалните спортови е забрането и сносиме казни доколку таа забрана не ја почитуваме??? Господинот Караџоски на нашето барање испратено до него на 6-ти Април, изричито и експресно ни одговори дека натпреварувањата во бодибилдинг и фитнес се забранети, поради лошата епидемилошка слика, а до ден денешен не најде време и доблест да ни одговори по кои правила и со чија одлука тоа не се почитува од дел од спортиските федерации?! Свесни сме дека д-р. Караџоски појма нема која е споредбата конкретно во орджување на натпревар во бодибилдинг и спортовите кои во моментот функционираат. Појма нема која е разликата во тренингот на еден бодибилдинг натопреварувач и екипа во екипните спортови кои непречено тренираат и одржуваат натпревари. Никој не бара од него тоа да мора да го знае, но има надлежни спортски институции, национални федерации каде може да се обрати и каде ќе му се објасни природата на спортот, тренингот и натпреварот, па врз основа на т оа да се донесе една заедничка одлука за добро на сите спортови. За разлика од минатата година, кога во овва време меѓународните спортски федерации ги одложуваа сите спортски првенства и настани, а некој дел од нив беа и откажани, годинава календарите се одвиваат без било какви одложувања и пречки. Што значи дека во светот одговорните донеле план за функционирање на спортот и тренинг на спортистите, што не е случај кај нас. Па сега се соочуваме со огромни проблеми, да не настапуваме или да настапиме со огормна можност од повреди поради прекин на тренажниот процес. Апелираме до надлежните, уште денес да се усвои предлогот на работната група доставен преку Агенцијата за млади и спорт до Комисијата за заразни болести, како би можеле да им овозможиме на нашите репрезентативци еднаков третман во сите спортови и успешно преставување на Македонија на натпреварите, стои во дописот од ББФМ.

Екипните спортови на отворен и затворен простор се одвиваат без застој, но секоја екипа мора да направи задолжителни ПЦР тестови пред секој официјален натпревар.

OhridNews