Македонија нема податоци за бројот на случаите на насилство, а не постои ниту  организиран систем за борба против различните видови насилството и заштита на жртвите. Државата  сега се обидува да ја канализира борбата против насилството  преку донесување Национална стратегија , за што деновиве се расправа во Струга.

Во Македонија постојат ралични типови насилство, но најизразени се случаите на семејно  насилство во кои често жртви се  децата. За жал ние немаме адекватен систем на регистрација и собирање на такви податоци, но истражувањата што минатата година ги направи Националната комисија за превенција на насилството, укажуваат дека проблемот е доста распространет, вели Татјана Шикоска, национален координатор за подготовка на Акционит план за борба против насилството.

Во Македонија не постои ниту доволно свест за последиците од насилството и зошто ова ни се случува, а не постои ниту системски одговор на институциите, додава Шикоска. Токму затоа потребно е најпрвин да се идентификуваат причините за насилство и да се утврди бројот на таквите случаи за да може ефикасно и  пред се превентивно да се делува, рече Шикоска.

Македонија не се разликува многу од земјите во регионот каде насилството е исклучително високо, но статистиката не е најбитна, туку што надлежните институции преземаат  во борбата против оваа девијантна појава,  вели Фреја Улверстад, претстсвник на Светската зравствена организација.

Според неа Македонија добро стои на полето на превенција на насилството, а Акциониот план што наскоро треба да биде донесен, според неа, ќе ја зголеми ефиксноста на институциите кои се вклучени во борбата против насилството.

Мислењата на експертите кои ќе бидат изнесени на стручните работилници ќе бидат земени во предвид при изготвување на национална стратегија за борба против насилството.

Г.М.