Надлежните институции се уште не одговориле на пријавите за нехумано постапување со животни што ги поднесе здружението за заштита на животни „Анималија“.

-Поднесовме пријави за нехуман однос кон штотуку породена пудлуца која беше оставена и врзана за дрво заедно со своите малечки на булеварот „Туристичка“, како и за злоупотреба на дресирани кучиња на плоштадот кај чинарот кои изведуваат разни точки за забава.-велат од „Анималија“.

Од здружението за заштита на животни „Анималија“ укажуваат и на несоодветниот однос на институциите кои бавно или воопшто не реагираат на пријавите на граѓани за повредени животни, како што беа случаите со повредените лебеди на Охридското Езеро.

OhridNews