Нацрт деталниот план за УЕ 17 кој се однесува на просторот каде што сега се наоѓаат бараките на „Гранит“ и „Трудбеник“, кој деновиве беше изгласан од Советот, и што предизвика бурни реакции во јавноста, е одобрен од надлежните министерства.

За него позитивно се изјасниле и Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина. Министерот за транспорт Миле Јанскиевски кој деновиве престојуваше во Охрид во неформален разговор со новинарите рече дека Министерството за транспорт ги одобрува сите планови кои се во согласност со Генералниот урбанистички план, според кој ,таму се предвидува изгреадба на хотелски капацитети. Според министерот за транспорт во близина на  каналот треба да никнат хотели, а не  згради.

Сличен став има и Минситретството за животна среднина. Државниот секретар, Дејан Паноски, неодамна, исто така во Охрид, изјави дека Министерството за животна средина на просторот кај „Билјанини извори“ ќе подржи изградба само на хотел, што е предвидено со ГУП, и ништо повеќе од тоа.


Надлежните мнинистерства не одобриле изграда на згради на спортски

Според Предлог Нацрт ДУП за 17  УЕ на просторот кај Билјанини извори треба да се изградат 2 хотели и 5  објекти за времено домување.Токму предвидените маркички за изградба за 5-те објекти за времено домување ги предизвикаа сомневање кај дел од советниците кои сметаат дека  наместо угостителски објекти, на спортскиот центар, ќе никнат висококатници кои ќе го нарушат природниот баланс на просторот. Поради тоа тие ги повикаа граѓаните активно да се вклучат во јавната анкета за донесувањето на Деталниот урбанистички план што е во тек , и да не дозволат изградба на згради кај спортскиот центар.

Началникот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудоски, тврди дека кај спортскиот центар нема да се градат никакви згради, и дека „спорните“ објекти  не се никакви висококатници, туку угостителски објекти за времено домување од типот на пансиони и слично.

Нацрт ДУП за УЕ 17 јавно ќе биде изложен до 22 октомври  а граѓаните ќе имаат можност да се произнесат по истиот.

Горан Момироски