Актуелните состојби со такси превозот во општина Охрид, е тема на состанокот што на предлог на СВР Охрид денес ќе се одржи.
– Целта на оваа средба е договарање на превентивни мерки за подобрување на сообраќајот во Охрид и решавање на одредени прашања поврзани со такси превозот во градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На состанокот, покрај претставници од неколку служби при СВР Охрид, ќе присуствуваат републички и општински сообраќајни инспектори по патен сообраќај, овластени лица од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, претставници на такси компании и правните субјекти кои вршат линиски превоз во општина Охрид, од УЈП, Државниот пазарен инспекторат, од Општата болница во Охрид како и од неколку други институции.
Состанокот се организира во рамките на проектот „Полицијата и граѓаните заедно“ и акциониот план за реализација на проекти на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
OhridNews