Надлежните и понатаму остануваат глуви на барањата на граѓаните за поголема безбедност во сообраќајот и намалување на хаосот на улицата Јане Сандански.
Поради градежни зафати кои се во тек, на оваа, една од најфреквентните улици во градот, нема никаква прегледност за возилата кои се приклучуваат од споредните улички на главната улица. Изведувачот на градежните зафати го загради просторот околу објектот и при тоа зафати значен дел од споредната улица и тротоарот, па така освен што нема никаква прегледност за возилата, и пешаците се принудени, наместо на тротоар, да одат на улица надевајќи се дека при тоа нема да ги удри некое од возилата кои возат со голема брзина.
Проблемите започнаа неодамна со поставување тараба
И покрај ветувањето од СВР- Охрид дека на ова место, ќе биде поставена екипа на сообраќајната полиција, тоа не се случи. Граѓаните апелираат надлежните што поскоро да интервенираат, а не како што е најчесто во пракса- тоа да го направат од кога ќе се случи некаков сериозен инцидент.