Екипата на Пелистер со реми без голови против Силекс во Охрид стави точка на трите порази во серија во Првата македонска фудбалска лига. „Зелено белите“ имаа шанси за победа, но не ги реализираа, а свои прилики имаше и Силекс за радост на „Атина Бојаџи“.


–  Нашиот противник немаше ниту полуприлика до 35-та минута, ние до тогаш не успеавме да постигнеме погодок, а требаше да постигниме три погодоци. Единствено му се лутам на Силва кој по одличниот дриблинг место да проигра некој фудбалер на втората статива тој се одлучи да солира и погреши. Исто така среќата не беше на наша страна и на фудбалот, бидејќи на натпреварот во Охрид не победи подобрата екипа. – изјави после натпреварот, Наџи Шенсои.

Според стратегот на кратовчани, Жикица Тасески ремито не е во прилог на ниту една од двете екипи. –  Ниту ние, ниту Пелистер не може да биде задоволен од бодот, бидејќи победата беше императив за двете екипи во натпреварот. Затоа гледачите имаа можност да видат еден добар и квалитетен фудбал. Одигравме цврсто во одбраната, а во напад не направивме многу, но створивме доволни прилики за да постигнеме барем еден погодок. Единствено за што жалам е нереализираната шанса во финишот од мечот која можеше да ни донесе голема победа и три бодови. – рече тренерот на Силекс.

Прва МФЛ: Пелистер и Силекс ги поделија бодовите во Охрид

OhridNews