Македонската селекција под 19 години, во Охрид ги финишира подоготвките за квалификацискиот турнир кој од 30 мај до 5 јуни ќе се игра во Анталија, Турција. Противници на надежите се домаќинот Турција, Германија и Унгарија.


– Најголемиот успех го направивме во Сараево, каде отпатувавме како аутсајдери а се вративме како победници. Повторно сме исправени пред еден таков предизвик во Анталија, Турција. Во оваа квалфикациска група имаме тешки противници Германија, Турција и Унгарија но ние одиме да се надигруваме и мислам дека нема да разочараме – вели селекторот Драган Бочески.

Настапот на квалификациите доаѓа како наградата и плод на двегодишната работа со оваа млада селекциија, која како шлаг на тортата би дошол пласманот на ЕП во Романија.


– Очекувам во Турција да смогниме сили да приредиме уште едно изненадување. Ова е голем предизвик како за мене како селектор така и за овие момци кои имаат ретка шанса да изборат пласман на едно ЕП.

Капитенот на селекцијата Стефан Ристовски, и покрај повикот во “А“ селекцијата ќе биде со своите соиграчи барем на еден меч во овај квалификациски циклус.


– Во разговор  со селекторот Мирсад Јонуз договорено е Ристовски да го одигра првиот натпревар против Турција, кој ќе го даде патоказот на овие квалификации, доколку загубиме тој ке се врати во Македонија и ќе се приклучи на А тимот. Во секој случај Стефан е голем потенцијал за македонскиот фудбал и во целост го заслужува овај повик – потенцираше Бочески.


Македонија квалификациите ќе ги отвори на 30 мај (понеделник) против домаќинот Труција, два дена подоцна играме со Германија, а квалификациите ќе ги завршиме со мечот против Унгарија.

М.П.