Фудбалските надежи до 19 години во Охрид ќе ги имаат финалните  подготовки во пресрет на натпреварите од
3 до 8 ноември во Ла Форана, близу Валенсија каде за противници ќе ги имаме домаќинот Шпанија, Португалија и репрезентацијата на Велс.


Селекторот Југослав Тренчевски на 22 октомври ќе го објави списокот на фудбалерите,а репрезентативците кои ќе патуваат за Шпанија во Охрид ќе пристигнат на 25 октомври.

Од младата селекција ќе бидат прекомандувани браќата Станкови, Антонио и Александар, како и Јани Урдинов, кои настапуваат во холанска Рода, пота Стефан Ашковски, кој е дел од белградски Партизан, како и Бунјамин Асани, кој настапува во финскиот шампионат.

ohridnews