Без голови и без победник заврши мечот со Азербеџан, кој е прв за македонските фудбалски надежи во квалификацискиот циклус за ЕП.

Избраниците на селекторот Бобан Бабунски одиграа одличен натпревар, имаа неколку шанси за погодок кои не ги искористија.

Во финишот на мечот по црвениот картон на Стојчевски македонската одбрана беше на испит, но издржа и го освои првиот бод во квалификациите.

Мх.П.