Македонските репрезентативци до 21 година освоија бод на гостувањето во Франција ремизирајќи (1-1) со домаќините во седмата рунда од квалификациската група за Европското првенство во Франција.


„Црвено жолтите“ заслужија многу повеќе од еден бод во Ле Ман, имаа игра и водство со голот на Виктор Ангелов во 15-та минута.

„Триколорите“ во 27-та минута го изедначија резултатот со автоголот на Егзон Бејтулаи кој катастрофално реагираше на една нафрлена топка во казнетиот простор.


Ремито, без многу дилеми е историски успех за надежите, но останува со горчлив вкус поради водството и играта во текот на целиот натпревар.

Бодот од гостувањето во Ле Ман е вкупно деветти за „црвено жолтите“ кои се наоѓаат на третата позиција во групата.

OhridNews