Македонската фудбалска репрезентација до 17 години претрпе пораз од соодветната селекција од Белорусија 2-1.


Избраниците на Јакупи Менсур поведоа со голот од пенал на капитенот Нафиу, до финишот на првиот дел гостите изедначија преку Камарау кој профитираше од грешката на потесната одбрана.


Во вториот дел црвено жолтите притиснаа во желбата за поволен резултат но ударите на Каланоски и Новески не ја погодија целта. Во 80-та по пречката на Новески, гостите организираа пеколна контра кој со погодок ја круниса Хуџел.


Наредната тест средба на македонската репрезентација до 17 години е во петок во 16:00 часот.

М.П.