Македонските кошаркарски надежи им служеа за пример на гостите на „Тренерската клиника“ во Охрид. Специјалниот гостин Жељко Обрадовиќ со нивна помош ги демонстираше “пик енд ролот“ и нападот против зонската одбрана.



– На сите нас ни преставуваше огромна чест што можевме да работиме два дена со најдобриот европски тренер. Некои големи играчи сонувале да бидат дел од неговиот состав, а тоа ние го добивме на „Тренерската клиника“. Неговите совети ќе ни помогнат многу во понатамошната кариера, а дел од неговите акции ќе почнеме да ги спроведуваме на натпреварите кои ни престојат со македонската селекција –
рече Андреј Магдевски.


Пред две предавања на Обрадовиќ “надежите“ беа на „тапет“ од помошникот на Србинот, Димитри Итудис, кој со нив презентираше загревање на кошаркарите.

Мх.П.