На завршните  тренинзи во Охрид селекцијата за фудбалери до 19 години повеќе внимание ќе обрне на тактичките подготвки за да се видиме со какви сили располагаме пред заминувањето во Ла Форана, близу Валенсија кога од 3 до 8 ноември каде за противници ќе ги имаме домаќинот Шпанија, Португалија и репрезентацијата на Велс. 


Одигравме серија пријателски натпревар, на кои резултатски поминавме половично. Наш најголем пех е што се најдовме во многу тешка група со светскиот првак Португалија, потоа европскиот првак Шпанија и Велс, селекција која навидум е непознаница но во нивниот состав има девет играчи кои играат во Премиер лигата. Се надевм дека момците ќе го дадат макимумот од себе за достојна презентација на македонскиот фудабл. Не објективно ке биде нешто да прогнозирам, тешко ке биде да го поминеме овај круг, но нема да оставиме се на спортската среќа – вели Тренчевски


Од овај циклус две репрезентации продолжуваат во понатамошните квалификации. Земјите од нашето опкружување обезбедија пласман понатаму, Романија, Црна Гора но тие беа во далеку послаби групи од оваа нашата. Според рејтингот на Уефа оваа репрезентаија е на 42 место од 53 репрезентации, па затоа добиваме вака тешки групи.

М.П.