Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 г. денеска на Билјанини Избори (13 часот) ќе ги одмери силите со соодветната селекција на Албанија. Пред селекторот Мирсад Јонуз е нов циклус и нови предзвици со младинската репрезентација.


Охрид  е среќна база за мене. Ќе се обидме да им даде на шанса на сите , да ја наметнеме нашата игра, и без разлика што сме “нова“ селекција да ги добиеме. Пред шест месеци игравме со нив и успеавме да ги добиеме.


Денешниот натпревар нема да е елмининациски , селекторот ќе им даде шанса на сите повикани играчи.

Прибравме неколку  странци дел од нив прв пати ги гледаме и на оваа контрола ќе имаме можност да се увериме во нивните квалитети. Во секој случај овај натпревер не е елиминиациски, може некој да одигра слабо но тоа нема да значи дека нема да сметаме во иднина на него.

Најзвучни имиња во македонскиот состав се дебитантите Марко Павлов кој настапува во Шпанскиот Бетис како и голманот Филип Гачевски кој брани во Словенската Мура.

Јас сум роден скопјанец и драго ми е што ке играм за матичната репрезентација, за мене е голема чест да се игра за репрезентацијата, повик која е награда за сето залагање во кариерата. Ова ќе биде деби меч за мене, имам настапувано за младите селекции во Исландската репрезентација, но бидејќи сум по потекло македонец ја одбрав мак репрезентација  – вели Марко Павлов, кој настапува во Шпанскиот Бетис.

–  Добро се адаптирав овде, се надевам дека ке се преставам во добро светло и ќе бидам повторно повикан во националниот состав- вели голманот Филип Гачевски кој е по потекло од Битола.

“Староседелец“ во тимот е поранешниот капитен на селекцијата до 19 години Севдаиљ Селмани кој настапува во лидерот во германската Бундес Лига, Баер Леверкузен.

 

Многу сум задоволен што сум дел од македонската селекција овде во Охрид, се исполна мојата  и желбата на мојата фамилија да играм за македонската репрезентација. Среќен сум овде и ќе дадам се од себе да го добиеме утрешниот натпревар.


Натпреварот Македонија – Албанија се игра со почеток во 13 часот.

М.Постоловски