Минималната победа над фаворизираната Холандија, и ремито со западниот сосед Албанија даваат голема надеж пред мечот со аутсајдерот во нашата група Фарски Острови. Квалитетите на нашите надежи ќе бидат на вистински испит на мечот со далеку поквалитетна репрезентација на Данска.
Во првите натпреварите Македонија со минимални 1-0 триумфираше над Фарски Острови, а дуелот со Данска заврши без победник 1-1. По четири одиграни натпревари селекцијата до 21 година има две победи и две нерешени средби и со осум бодови се наоѓа на третата позиција.