Македонската фудбалска репрезентација до 19 години одигра интересно реми 2-2 против соодветната репрезентација на Албанија на првиот од двата контролни натпревари во Охрид. Македонските надежи пред очите на селекторот Мирсад Јонуз не успеаа да се радуваат на победа , но затоа пак усепаа да се извлечат од пораз со голот на Попоски во судиското надополнување.
Црвено – жолтите во предсност стигнаа во 23 минута откако најснаодлив во мешаницата пред голот на гостите беше Александар Станков кој од прва биеше во долниот десен агол на немоќниот Ајази.
По серијата измени во вториот дел темпото на игра драстично опадна. Македонските фудаблери се обидуваа да стигнат до погодок кој би ги вратил во водство но наместо погодок во гостинската следуваше погодок во нашата мрежа. На 15 минути пред крајот по слодобдниот удар од средината на теренот Мадука му асистираше на Кони кој со полуволеј ги доведе гостите во водство 2-1.
Нашите фрлија се` на една карта, а таквата игра им се исплатеше во судиското надоплнување. Слободен удар на Лена кој на првата статива пред сите го пречека Попоски кој стрелаше прецизно за радост на надежите кои успеаа да избегнат пораз.