Македонските ракометни надежи ја вратија вербата во нацијата откако на турнирот во швајцарскиот град Шафхаузен обезбедија пласман на Европското првенство во Данска.
Пласманот на ракометарите до 20 години, добре ќе им дојде на сите вљубеници во ракометот и спортот во државата по дебаклот на сениорите во Гдањск на квалификациите за Олимпијадата во Рио.
Клучната победа избраниците на Александар Јовиќ за пласман на ЕП ја забележаа на мечот со Црна Гора кој го добија со убедливи 36-24.
Со скор од две победи и еден пораз надежите завршија на втората позиција позади Швајцарија која имаше стопроцентен учинок.
За овие ракометари ова ќе биде втор настап на големи натпреваруња откако првиот го имаа на ЕП до 18 години.
OhridNews