Откако снимил видео спот со колумбиската поп пејачка Шакира, шпанскиот тенисер Рафаел Надал своето мускулесто тело го ставил во служба на американското списание “Sports Illustrated”. Светски познатиот тенисер и израелската манекенка Бар Рафаели позирале заедно за новото издание на спортското списание, посветено на новата колекција костуми за капење за 2012 година.
На некои од фотографиите Надал срамежливо ја прегрнувал убавата израелка во топлес. Бар и претходно позирала за “Sports Illustrated” на сензуални фотографии со НБА кошаркарот Крис Пол и пливачот Мајкл Фелпс.