По четиримесечната пауза, Рафаел Надал денеска се врати на терен и загуби од Енди Мареј на егзибицискиот турнир „Светско првенство во тенис Мубадала“.
Шкотланѓанецот го совлада стариот ривал Рафаел Надал со 3-6, 5-7 во полуфиналето од тридневниот настан во Абу Дабу.
Последниот меѓусебен меч оваа двојка го имаше во мај 2016 година, кога Мареј го победи Шпанецот со 7-5, 6-5 во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.
Следниот меч на Надал ќе биде со Денис Шаповалов, во битка за трето место, додека, Мареј утрешното финале го игра против Андреј Рубљов.
OhridNews