Рускиот тенисер Данил Медведев и Гркот Стефанос Циципас ги комплетираа полуфиналите учесници на Австралија Опен. Медведе и Циципас им се придружија на Новак Ѓоковиќ и Аслан Карацев, кои пласман во топ 4 обезбедија во вчерашните четвртфиналните натпревари.

Циципас приреди вистинска сензација во четвртфиналето, совладувајќи го Рафаел Надал, кој во текот на натпреварот имаше предност од два сетови. Грчкиот тенисер изедначи на 2-2, а во петтиот сет во со 7-5 го реши Надал за голема победа и прогрес во полуфиналето.

Медведев пак, со 3-0 го „збриша“ Андреј Љубљев. Четвртиот носител не остави ништо на случајност во руската пресметката и на доминантен начин стигна до победата, вредна полуфинале.

Во полуфиналните пресметки силите ќе ги одмерат Ѓоковиќ – Карацев односно Медведев – Циципас.

OhridNews