Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во третото коло на УС Опен, откако повторно победи во четири сета на последниот годинашен грен – слем турнир во Њујорк.

Во премиерното коло Надал, кој е втор носител, го совлада Австралиецот Хијаката откако го загуби првиот сет, а по истото сценарио во второто коло беше поуспешен од Фабио Фоњини од Италија со 3-1 во сетови (2-6, 6-4, 6-2, 6-1). Состојбата на теренот можеше да биде уште покомплицирана за шпанскиот тенисер, бидејќи во вториот сет Надал беше во негатива од 2-4, но од тој момент целосно презеде контрола врз натпреварот.

Ова беше едно од најлошите отворања во мојата кариера, изјави Надал, кој во дуелот против Фоњини, притоа, и се повреди откако рекетот му испадна од раката и се одби од тлото по што му го раскрвави носот.

Имав такво искуство, но со палка за голф, никогаш ова не ми се случило со тениски рекет, рече Надал.

OhridNews