Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите впечатоци од добивањето на награда „AS Sports Award“ за блескавата сезона.
За мене подарок е да продолжам да се натпреварувам на 36 години. Сакам да му се заблагодарам на „АС“ за оваа награда, тој е еден од водечките спортски весници во Европа. Имам многу големи надежи. Не знам што ме чека во иднина, но ќе продолжам да се борам, ја цитира AS изјавата на Надал.
На крајот од сезоната 2022 Надал ја доби наградата за омилен играч на навивачите за прв пат во кариерата.
Исто така, Шпанецот беше прогласен за најдобар тенисер на годината од страна на Светската тениска федерација.
OhridNews