Шпанецот Рафаел Надал епобедник на првиот Грен слем тениски турнир оваа сезовна – „Австралија опен“, откако во големото финале го совлада големиот Роже Федерер во пет сета 7:5, 3:6, 7:6, 3:6, 6:2.

Антологиското финале траеше неверојатни 4 часа и 22 минути, прво во кое се одлучува во 5 сета по тоа во 1988 година кога Виландер го совлада Кеш исто така со 3:2.

Со оваа победа Надал го задржа приматот во светскиот тенис и го оневозможи Федерер да го достигне на вечната листа Пит Сампрас кој има освоено 14 Грен слем турнири. Швајцарецот останува на до сега освоените 13.

Ohridnews