Австрскиот тенисер Доминик Тим ја комплетираше големата четворка на првиот грен слем турнир во новата сезона, Австралија Опен. Тим во 1/4 финалната пресметка го совлада најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал со 3-1 во сетови (7-6, 7-6, 4-6, 7-6) после четири часови и 14 минута игра.

Победа и пласман во полуфиналето Тим најави уште на стартот од дуелот со Надал. Австриецот не потклекна на притисокот и темпото на игра кое Надал констатно го наметнува. Тим во првиот сет успеа да врати гем на изгубен при резултат 5-3 за Надал. Подоцна, во тајбрејк победи со 7-3 за почетно водство. Идентична ситуација имаше и во вториот сет. Тим на средината од вториот сет изгуби гем на свој сервис, потоа го врати, и во тај брејк со 7-4 го доби вториот сет за 2-0.

Во третиот сет Надал успеа да намали на 2-1. Шпанецот на свој сервис ги освои сите гемови. Тим погреши во петтиот гем, што беше доволно Надал да го освои третиот сет. На почетоко од четвртиот сет Тим направи брејк во третиот гем и поведе со 2-1. Надал со освоен гем на противнички сервис изедначи на 5-5. Двајцата тенисери во последниве два гема не погрешија и сетот отиде во тај брејк. Во него, Тим повторно одигра добар тенис и со 8-6 го доби за конечна победа и пласман во ТОП 4.

Ривал на Тим во полуфиналето ќе биде германскиот тенисер Александар Зверев. Германецот во 1/4 финалето го совлада Стен Вавринка. Во другата полуфинална двојка ќе се судрат големите ривали Новак Ѓоковиќ – Рожер Федерер.

OhridNews