Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да стави крај на проблмите и болките во скочниот зглоб на десната нога и да го оперира. Надал поради болките се повлече од завршниот мастерс турнир кој започнува викендов во Лондон.

Докторот кој го оперираше шпанскиот тенисер, Анхел Руиз Котор изјави дека операцијата поминала во најдобар ред и следува период на рехабилитација. Враќање на Надал во „белиот“ спорт се очекува на австралискиот гренд слем турнир во Мелбурн.

  • Надал ќе одмара неколку денови, а потоа ќе почниме со прогресивен процес на опоравување. Неговото тело односно ногата е подготвена за таков процес, бидејќи се работи за спортист. Најпрво ќе започнеме со тренинзи во вода, а во зависност од напредокот ќе ги темпираме останатите тренинзи. – изјави Руиз Котор.

Со повлекувањето од завршниот турнир во Лондон, Надал му го предаде првото место на Новак Ѓоковиќ на АТП листата кој сезоната ја почна надвор од ТОП 10 тенисери.

OhridNews