Моментално најдобрите двајца тенисери Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе ги одмерат силите во финалето од францускиот грен слем турнир Ролан Гарос.

Надал за пласман во финалето го елиминираше Аргентинецот Себастијан Диего Шварцман со 3-0 во сетови, додека Ѓоковиќ во пет сетови го совлада Стефанос Циципас. Надал делуваше уверливо во полуфиналната пресметка и лесно се справи со Шварцман. За разлика од Ѓоковиќ кој и покрај водството од 2-0 во сетови мораше да игра петти и одлувачки сет.

Во финалето, Надал ќе брка рекордната 13-та титула, додека Ѓоковиќ втората на Ролан Гарос. Пресметката е закажана за в недела во 15 часот.

OhridNews