Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои јубилејната десетта титула на Мастерс турнир во Рим. Надал во финалето со 2-1 во сетови го совлада големиот ривал Новак Ѓоковиќ и го потврди статусот „крал на земјата“.
На почетокот од турнирот не играв добро и имав среќа. Како што одминуваа мечевите бев се подобар и подобар. Десетта титула, незнам како да му се заблагодарам на тимот кој деноноќно работи и со мене, – рече Надал после триумфот во финалето.
Мастерс турнирот во Рим е одлична најава за францускиот грен слем Ролан Гарос, кој ќе се одржи од 30 мај до 13 јуни. Титулата ја брани Надал.
OhridNews