Со триумфот на УС Опен, Рафаел Надал стигна до 19-от трофеј во кариерата и се доближи до една титула до водечкиот Рожер Федерер на вечната листа. Шпанецот до четвртиот трофеј на американскиот грен слем турнир дојде после маратонска победа во финалето против рускиот тенисер Данил Медведев во пет сетови.
Шпанецот, по финалето изјави дека среќен што може да игра тенис на врвно ниво и дека не се оптеретува со рекордите.
- Нормално е дека сакам да освојам повеќе титули од Федерер. Но тоа не ми е приоретит и воопшто не се оптоварувам со тој факт. Среќен сум што можам да играм тенис на вакво ниво и реално ќе кажам дека направив многу повеќе од она што очекував на стартот од кариерата. – истакна Надал.
Тој го пофали противникот во финалето, Медведев, кој се врати од 2-0 негатива за кулминиција на неизвесноста во петтиот сет.
- Неговите игри во текот на летото се нешто најдобро што сум видел последниов период. Сите, имаа можност да се уверат во неговите квалитети и мудри потези иако се работи за момче од 23 години. Неверојатно е како се бореше и како го промени ритамот на мечот кога губеше со 2-0 во сетови. – додаде Шпанецот.
OhridNews