Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е првиот учесник кој избори пласман во финалето на Австралија Опен. Надал во полуфиналето го преслуша грчкиот тенисер Стефанос Циципас во три сетови (6-2, 6-4, 6-0) за неполни два часа игра.
Надал на Циципас кој беше најпријатно изненадување на годинешниот турнир не му остави ниту трошка надеж за поволен резултат. Шпанецот уште од старто го наметна препознатливиот агресивен стил на игра за кој грчкиот тенисер немаше одговор.
32-годишниот Надал без изгубен сет се пласираше во петтото финале, а во претходните четири само еднаш успеа да триумфира. Ривал на Надал во финалето ќе му биде подобриот од вториот полуфинален дуел во кој ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ – Лукас Поуиле.
OhridNews