Австралискиот тенисер Ник Кирјос го елиминираше Рафаел Надал во втората рунда од турнирот во Акапулко победувајќи го 2-1 во сетови (3-6, 7-6, 7-6). Шпанецот после мечот беше разочаран од однесувањето на Кирјос, кој со пресврт успеа да победи и да се пласира понатаму.

  • Тој е тенисер со неверојатен талент со кој би можел да освојува Грен слем турнири и да се бори за првото место на АТП листата. Него му недостасува почит кон публиката, ривалот и кон самиот себе. – рече Надал.

Вториот рекет во светскиот тенис Надал изјави дека направил се што е во негова моќ да го добие мечот и повторно да игра пред прекрасната публика.

  • Овие се натпревари кои се судени да ги изгубам. Направив се, дадов се од себе и не успеав. Не ми е криво што изгубив, туку што не ќе можам да играм повеќе пред фантастичната публика во Акапулко. – заврши Надал.

Кирјос во третата рунда силите ќе ги  одмери со Стен Вавринка.

OhridNews