Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде меѓу учесниците на мастерсот во Монтреал, потврди денеска директорот на турнирот Ежан Лапјер.
Роџерс купот наизменично се одржува во Монтреал и Торонто, а Надал овој турнир во Канада го освојуваше пет пати во кариерата.
Надал навистина сака да дојде во Монтреал, веќе резервираше хотелски соби. Ние му ги испративме тениските топчиња со кои ќе се игра на турнирот за да може да се подготви, изјави првиот човек на Мастерс турнирот во Монтреал на прес – конференција.
Мастерсот во Монтреал почнува на 8. август, а титулата ја брани Русинот Данил Медведев, кој минатата година во финалето во Торонто беше поуспешен од Американецот Рејли Опелка.
OhridNews