Шпанскиот тенисер Рафаел Надал останува на единствената освоена титула на грен слем турнирот Австралија Опен, откако, денеска во финалниот натпревар изгуби од Новак Ѓоковиќ во три сетови. Надал после натпреварот истакна дека Ѓоковиќ заслужено победил и дека тој немал никаква шанса против моментално најдобриот тенисер.
- Ѓоковиќ одигра фантастично. За да одговорам требаше да направам нешто друго но да бидам искрен не можев да го најдам тоа во финалниот дуел. Физички не сум на нивото од Ѓоковиќ иако претходните две недели немав некој посериозен тест. Поминаа пет месеци од мојот последен меч во тенисот и многу сум задоволен што успеав да се вратам и стигнам до финалето. – изјави Надал.
Шпанецот во Мелбурн го победи Рожер Федерер во финалето во 2009 година. Надал во кариерата има 17-ет трофеи од грен слем турнирите, а Ѓоковиќ дојде до 15-та и го помина легендарниот американски тенисер Пит Сампрас.
OhridNews
Ѓоковиќ го растури Надал за рекордно достигнување на Австралија Опен!