Шпанецот Рафаел Надал и чехот Томаш Бердих ќе играат во финалето на неофицијалното светско тениско првенство , ВИмболдон.


До своето четврто финале Надал стигна откако ја урна британската надеж Енди Мареј со 6-4, 7-6 и 6-4 . Противникот на Надал, Томаш Бердих во полуфиналето го победи србинот Новак Ѓоковиќ со 6-3, 7-6, 6-3.

Во финалето кое се игра в недела Надал ќе влезе како фаворит, против Томаш Бердих досега играл десет пати, од кои седум бил подобар, а моментално се наоѓа на низа од шест победи против чешкиот тенисер.

Ohridnews