Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по рекорден 13-ти пат триумфираше на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос и ја потврди доминацијата на земјена подлога. Со 13-та титула од Ролан Гарос, Надал стигна до 20-та во кариерата и се израмни со Рожер Федерер. Сепак, Шпанецот одби да ја преземе улогата на „GOAT“ која се доделува за најдобриот тенисер на сите времиња.
Бројките и статистиката треба да ги анализираат луѓето кои се бават со историјата на тенисот. Јас сум задоволен од мојата досегашна кариера. Во моментов сум еден од двајцата најдобри тенисери. Ќе видиме што ќе се случи следниве години. Што ќе направи Новак Ѓоковиќ, со колку титули ќе се повлече Рожер Федерер….има уште прашања кои треба да се одговорат. – изјави Надал.
На вечната листа на грен слем турнирите Федерер и Надал имаат по 20 титули, додека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е втор на листата со 17 трофеи.
OhridNews