Во Галеријата Рудиќ вечерва ќе биде отворена заедничка изложба на фотографии на познатиот пар фотографи кои живеат и творат во Струга, Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил, на тема „Над вода – под вода“.

Љубовта кон природата и фотографијата, особено кон водите, ги поттикна да избегаат од градот и веќе 12 години живеат на струшкото крајбрежје, крај езерото кое е вечна инспирација за секој уметник.

На овој навидум мал простор, тие секојдневно пронаоѓаат нови мотиви, го запознаваат богатството на ендемската флора и фауна, ги откриваат убавините на четирите годишни времиња, а лете подводниот свет на нашето прекрасно Охридско Езеро. Денот е прекраток, како што велат, да се регистрираат и овековечат сите случувања на малото по површина, но големо пространство со своите чудесии, од изгрејсонце, до зајдисонце, велат организаторите.

Изложбата ќе биде отворена до 8 октомври, оваа година.

OhridNews