17 820 празни станови има во Охруд или 53 проценти од вкупниот број на станови се ненаселени, додека во Струга има над 10 илјади празни станови или 45 проценти од вкупниот број, велат податоците од третиот сет од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

По региони во државава најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51 348 станови над половината се ненаселени. Југозападен регион има 177 398 жители и 101 078 станови, од кои 51 348 или 50,8 проценти се ненаселени.

Во во овој регион во Oпштина Охрид, над половина од вкупниот број на станови или над 17 илјади се празни. Во последните 20 години во Охрид бројот на станови е зголемен за околу 5 илјади или 15 проценти. Во Струга празни се над 10 илјади станови или над 44 проценти, а во Кичево речиси 13 илјади станови се ненаселени.

Oд вкупно 839 174 станови на ниво на држава, 531 987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307 187 станови или 36,6 проценти се ненаселени. Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни, покажуваат податоците.

Најмалку празни станови има во Скопскиот регион, каде од 243 252 станови, 29 проценти се празни или 70 094.

OhridNews