Над милион таблети калиум јодид ѝ даде Романија на Молдавија, соопштија од молдавското Министерство за здравство.
Истовремено, се уверува дека во моментот нема опасност од радијација. Граѓаните беа повикани да останат смирени.
Донацијата е резултат на разговори меѓу министерката за здравство Ала Немеренко и нејзиниот романски колега Александру Рафила.
Романскиот министер за здравство ги повика лицата под 40 години да се обезбедат што поскоро со таблети со јод. Изјавата следува во период кога руските сили повторно ја бомбардираа нуклеарната централна Запорожје во Украина.
Според украинските власти, во нападот во неделата погодени се три сензори за радијација.
Таблетите калиум јодид треба да се земат само од лица под 40 години, доколку дојде до нуклеарна несреќа, во рок од 24 часа по несреќата.
OhridNews