Долни Сарај
Од 24.08.2024 - 18:00 до 24.08.2024 - 23:59
Туристичката приказна во Охрид од годинава збогатена со уште еден настан посветен на љубителите на доброто вино насловен „Над Езерото“ – Охридски вински салон 2024. На прекрасната сцена на Долни Сарај на 24 август, сабота, свое претставување ќе имаат 30-тина винарии и дестилерии, меѓу нив веќе афирмираните големи винарии, како и уште поинтересните мали семејни винарии.
Канео Ресторан како промотор на винската култура годинава има нов предизвик, да ги сплоти сите најзначајни македонски винарии и да го доближи македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика.
Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти. Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food, а свој настап од 21:00-23:00 ќе има Агни Авшар квинтет, информираат организаторите.
На настанот, посочуваат, посетителите ќе имате можност за дегустација на вино во кристалните чаши на брендот RIEDEL.
На самиот влез на настанот ќе треба да изнајмите чаша, по цена од 200 денари од чаша, кои ќе ви бидат вратени по завршување на нејзината употреба. Со купена влезница на настанот ја добивате можноста за неограничена дегустација на вино, вински дестилати и храна, истакнуваат организаторите.
Влезниците на настанот може да се набават во Канео Ресторан и Џез Ин, по цена од 1000 денари во претпродажба, 1200 на денот на настанот. Резервацијата на карти може да се направи на телефонскиот број 078/201-491.
Охридскиот вински салон „Над Езерото“ започнува во 18:00 и ќе трае до полноќ.
OhridNews