Досегашниот член на општинскиот совет во Охрид, Љупчо Нечкоски денеска на прес-конференција го обелодени мотивот за неговото повторно кандидирање за советник, но овој пат како независен.

„ Една од главните причини што ја поднесовме независната советничка листа на чело со мене е моето четиригодишно работење како советник. Граѓаните во голема мера ја одобруваа и поддржуваа мојата работа“, изјави Нечкоски.

На прашањето зошто се кандидира за независен советник, тој кажа дека односите во неговата Либерална партија веќе и се познати на јавноста. „ Не сакам помеѓу двете струи во партијата јас да бидам колатерална штета“, додаде Нечкоски.

Независната листа на Љупчо Нечкоски е поднесена вчера попладне и досега се потпишани повеќе  од 200 граѓани. Неговите очекувања се дека до полноќ ќе бидат собрани потребните 350 потписи.

Според него, толкавиот број поднесени независни советнички листи се должи на незадоволството на граѓаните од  големите политички партии.

А.Р.