До 8 часот утрото во неделата Министерството за внатрешни работи во последните 24 часа им издало потврд на 2.165 странски државјани, што е значително повеќе од претходното деноноќие кога потврди им беа издадени на 1.462 мигранти и бегалци, до коа огромно мнозинство се Сиријци, пренесува „Макфакс“.

Од вкупно 2.165 странски државјани на кои им е издадена потврдата во периодот од сабота наутро до недела наутро, 1.309 се од машки пол, 303 се од женски. Од нив 446 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 107 деца кои патуваат без родител, на кои им издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.788, Иран – 116, Ирак – 98, Авганистан – 66, Палестински територии – 47, Пакистан – 12, додека другите се во помал број.

Со тоа вкупниот број мигранти на коишто им се издадени потврди во Македонија, само за периодот од 19-ти јуни до 6-ти септември годинава се искачи на вкупно 62.586 странски државјанин. Од нив 42.516 се од машки пол, 8.574 се од женски, 9.994 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.502 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, пак, на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 50.970, потоа на Авганистан – 3.477, Ирак – 2.849, Пакистан – 1.741 Палестински територии – 777, Сомалија – 571, Бангладеш – 428, Конго – 323, Нигерија – 205, Камерун – 160 Еритреја – 142, Етиопија – 109, и незначителен број од друг држави и територии.

Министерството за внатрешни работи, исто така, информира дека во изминатите 24 часа до Одделението за азил не е поднесено ниедно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

OhridNews