Над 90% од такси возилата во Охрид ја испочитувале одлуката на Советот на општина Охрид за унифицирање на бојата, соопшти општинската инспекција.
Оттаму информираат дека речиси сите такси превозници ги пребоиле возилата во сино бела комбинација, со што општина Охрид стана прва во Македонија каде такси возилата се унифицирани. Надлежните очекуваат за кус период сите такси возила кои легално обавуваат дејност да бидат пребоени.
90% од такси возилата во Охрид унифицирани
Единствен проблем засега се таблите на такси возилата кои според одлуката на Советот треба исто така да се унифицирани. Според одлуката таблите треба да се жолти и на нив со црни букви да пишува само „тахи“. На ова негодуваат такси превозниците кои сметаат дека со тоа клиентите нема да знаат со која такси компанија се возат, бидејќи ознаките на вратите на возилата не се забележливи преку целиот ден.
Ниту една од поголемите такси компании ги нема променето таблите на возилата, но од општинскиот инспекторат велат дека тие ќе мора да го сторат тоа најдоцна до крајот на месецов, во спротивно ќе се соошат со санкции.
Г. Момироски