Годинава имало приближно 500 случаи на пријавено семејно насилство и во над 80 отсто од случаите насилството било извршено врз жените и тоа во голем процент врз невработените жени, истакна  Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами на промоцијата на националната кампања за борба против семејносто насилство .


Во кампањата што ќе се одвива под мотото мотото „Јас имам храброст да му кажам Не на насилството, можеш и ти“ вклучени се познати жени од политиката, медиумитe и јавниот живот, меѓу кои се  министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, пратеничките Радмила Шеќеринска, актерката Амернис Нокшиќи, новинарката Снежана Лупевска и други.

OhridNews