Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани се 618 прекршоци на мерката за задолжително носење заштитна маска, информира МВР.
Во истиот период, на 651 лице се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
OhridNews