Денешните локални избори на Косово ги обезбедуваат повеќе од 5.500 полицајци, најави портпаролот на косовската полиција Брахим Садриу, во изјавите за приштинските медиуми.

„Задачата на полицијата е да обезбеди доставување на изборниот материјал и безбедноста на избирачките месата”, изјавил портпаролот Брахим Садриу, пренесува српската агенција Бета.

Од Еулекс најавија дека припадниците на оваа меѓународна европска мисија ќе дадат логистичка поддршка на косовската полиција и на набљудувачите на организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), како дека Еулекс специјално ќе биде ангажиран во северно Косово, каде што е доминантно српското население, од кое значаен дела не прифаќа Србите да учествуваат на овие избори, како што иснистира официјален Белград во согласност со договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово постигнат во Брисел.

Локалните избори на Косово ќе ги следат 30.173 набљудувачи коишто ги акредитираше Централната изборна комисија. На изборите учествува 103 изборна листа, од кои 38 се албански, 33 српски, а другите се лиси на независни кандидата и на разни припадници на малцинствата.

Изворите започнаа во седум часот наутро и ќе траат до 19 часот на 2.366 избирачки места. Право на глас имаат вкупно 1.779.357 избирачи кои ќе избираат советници и градоначалници во 39 општини на Косово.

OhridNews

извор: Макфакс