Во разорниот земјотрес што во саботата го погоди Непал загинаа 4.010 луѓе, објави непалската агенција задолжена за управување со итни ситуации, јавува „Ројтерс“, пренесува „Макфакс“.
Во земјотресот се повредени повеќе од 7.500 луѓе.
Хуманитарните организации се подготвуваат за огромна операција за да одговорат на потребите на настраданите луѓе, а првиот авион на ОН со помош во храна би требало да слета во Непал во вторник.
„Тоа ќе биде важна, огромна акција“, рече портпаролката на Светската програма за храна Елизабет Бирс во Женева.
Според Светската здравствена организација, во Катманду болниците се претрупани, а лекарите им помагаат на повредените на улица.
OhridNews