Вкупно 410 деца Роми во 20 општини наесен ќе одат во градинка, во рамки на проектот, за зголемување на бројот на ромски деца во детските градинки, една година пред поаѓање во училиште.

Во проектот „ Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки“ , вклучени се 21 негувателки Ромки и 108 лица од воспитно – згрижувачкиот кадар.

Овој проект претставува основа за сето она кое претставува помош и инклузија на Ромите во целокупните општествени текови. Градинката е основоположник во развојот на детето, која после продуцира полесен и поздрав образовен систем“, изјави заменик министер за труд и социјала, Спиро Ристовски.

Активностите што се превземаат се во насока на поддршка и подобрување на ромските деца во основното образование, преку подобрување на познавањето на македонскиот јазик, социјалните вештини, како и нивна социјална исклученост од општеството.

Ohridnews
извор: Makfaks