Бројот на новозаразени од ковид-19 во земјава денеска достигна 448, од кои 12 во Охрид, дознава OhridNews.

Министерството за Здравство се уште не го соопштува најновиот биланс на новозаразени, но бројката е значително повисока од рекордните над 390 случаи евидентирани пред неколку денови.

Од Охридската Општа Болница вчера изјавија дека состојбата во градот со ковид-19 засега е стабилна. Во моментот има 24 потврдени и суспектни случаи на ковид-19, а во инфективното одделение има неколку слободни кревети.

Според најавите на Министерството за Здравство, до крајот на годината, во склоп на Охридската Општа Болница треба да се изгради монтажна болница за прием на пациенти заболени од коронавирус, која ќе ја опслужува постоечкиот персонал.

OhridNews