Над 40  луѓе загинаа во земјотресот, што изминатата ноќ го зафати реонот на Елазиг, во источна Турција, соопшти турскиот телевизиски канал НТВ. Спасувачките екипи работат на пронаоѓање и спасување преживеани од под урнатините во селото Окчулар, во провинцијата Елазиг. Над 60 повредени досега се сместени во болница.


Според Центарот за набљудување земјотреси, епицентарот на потресот бил регистриран во 4:32 по локално време и бил на 21 километар југоисточно од Елазиг, на длабочина од пет километри. Регистрирани се уште десетина последователни потреси од кои најсилниот бил од 4,1 степен по Рихтер.

Потресот предизвикал паника меѓу жителите на тој регион, а  поголемиот дел од  нив, ноќта ја минале надвор од домовите.

Турција се наоѓа во силно активен сеизмички регион и често е жртва на земјотреси. Во 1999 година потрес со магнитуда од 7,4 степени ја предизвика смртта на 18.000 лица во западна Турција.

OhridNews
Извор:”МИА”